СДСМ: Лашкоска ја знае само „реформата" вработи го семејството во државни институции
СДСМ денеска се огласија по прес-конфренцијата на Лашкоска од ВМРО-ДПМНЕ, која истакна дека Владата на Заев е криминален квартел и дека нема дилеми дека е целосно неспособна да направи нешто за граѓаните и за иднината на државата.
- „Тоа не е само констатација на ВМРО-ДПМНЕ, туку ова го тврдат и Бранимир Јовановиќ, доскорешен советник во министерството за финансии но, и Петар Атанасов, заменик министер за образование кој вчера си поднесе оставка. Советникот Јовановиќ вели, цитирам: „Не знаев за сменава кога јас се повлеков, и воопшто не ја очекував. Мислев дека „метлата” требаше да ги фати оние кои работеа за личен интерес наместо за јавниот, оние кои местеа милионски тендери, оние кои трошеа државни пари, а ништо не работеа…Обвинителството треба веднаш да покрене постапка и да утврди кои тендери се местени од Анѓушев. Исто така да утврди и дали Зоран Заев, Оливер Спасовски, Венко Филипче или било кој друг министер, заменик министер, директор или друг владин или државен функционер кој подлежи на долго најавуваната метла, местел милионски тендери и кои тендери, вели Лашкоска.
СДСМ по ова обвинување велат Лашкоска е симбол на непотизам, ВМРО-ДПМНЕ нема чесни и одговорни, СДСМ демонстрира сериозна одговорност пред граѓаните и државата
- Очигледно дека раководство ВМРО-ДПМНЕ нема чесни и одговорни личности, во транс од лицемерие на прес конференција во белиот дворец зборува Ане Лашкоска, симбол на непотизам во Прилеп и околината. Единствената „реформа“ што ја знае Лашкоска е како да го вработи речиси целото свое семејство во државни институции.
Наместо да прераскажува содржини објавени на социјални мрежи, Лашкоска треба да одговори, како нејзниот брат станал член Управниот одбор на Јавното претпријатие за водоснабдување „Студенчица”, а неговата сопруга се вработила во ОУ „Кире Гавриловски”во Прилеп? Пред да зборува за реформи и капацитети, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ да одговори како нејзината мајка станала директорка на ОУ „Добре Јовановски“, прашуваат од СДСМ.
Велат, за разлика од ВМРО-ДПМНЕ кои се посветени на лажни вести и деструкција, СДСМ демонстрира сериозна одговорност пред граѓаните и пред сопствената држава.
- Во таа насока се и одлуките за суштинско спроведување на промени на централно и локално ниво, со единствена цел забрзување на економскиот напредок на земјата, за подобри услови во општеството и подобар живот на сите граѓани. Сите избрани или именувани носители на јавни функции за својата работа сносат одговарност пред граѓаните и законите.Продолжуваме да работиме во интерес на граѓаните, секаде каде што постои законско и морално прекршување ќе следува одговорност, завршуваат од владејачката партија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа