Вардар ја поплави Битола

 

 

Големото дерби на мак-фудбал меѓу Пелистер и Вардар одиграно поладнево во Битола му припадна на гостинот од Скопје со 2:1.
 
Во тензичен и до крај неизвесен дуел битолчани први дојдоа во водство со голот на Бразилецот Жуниор во 12.минута. Един Адемовиќ изедначи во 18.минута, а победата на „Вардарци“ им ја донесе Ацо Стојков во 69.минута.
 
Победа вредна лидерско место на табела, на домаше терен забележа Металург против Хоризонт Турново, а изненадувањето на колото го направи Еуромилк со победата во Тетово против Шкендија.

Резултати на денешните пет натпревари од 10.коло во Првата македонска фудбалска лига: Гостивар – Ренова 1:1, Металург – Турново 1:0, Напредок – Македонија ЃП 2:1, Пелистер – Вардар 1:2 и Шкендија – Еуромилк 0:3.
 
Вчера Работнички – Брегалница 3:0.
 
Табела: Металург 18 бодови, Вардар 17, Работнички 16, Пелистер 16, Ренова 15, Брегалница 15, Турново 14, Шкендија 11, Еуромилк 10, Македонија ЃП 9, Напредок 9, Гостивар 7.

06.10.2013 - 19:32
Фото: 
ФК Вардар

најчитано сега