Сламков: Сите граѓани се еднакви за Антикорупциска

 

-Наша цел како комисија не е секој ден да бидеме присутни во медиумите и да се саморекламираме. Кога ќе имаме издржан материјал кој ќе биде поткрепен со проверки, ние тогаш ќе излеземе и ќе ги кажеме тие податоци, вели за Радио Слободна Европа, претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата Ѓорги Сламков.

Коментирајќи ги критиките за селективност во работата на Комисијата, Сламков вели дека основни принципи во нивното работење се законитост и еднаквост на сите граѓани. 

-Нас не нè интересира дали луѓето се на власт или се во опозиција. Тоа што политичките партии се борат меѓу себе за власт и притоа како една од темите на расправа им е корупцијата неминовно доведува до приближување кон нашиот домен на работа, доменот на работа на Државната комисија за спречување на корупцијата, меѓутоа нас воопшто не нè интересира таа битка. Нас нè интересира дали има елементи и за секое лице што ќе бидат изнесени податоци ние проверуваме и врз основа на тоа понатаму постапуваме, вели Сламков во неделното интервју за Радио Слободна Европа. 

 

06.10.2013 - 15:01

најчитано сега