Во Делчевско се одбележува Ѓурѓовден

 

 

Со црковна богослужба, заеднички ручек и општонародна веселба денеска верниците од Делчевско го прославуваат празникот посветен на Великомаченикот Св. Ѓорги - Ѓурѓовден.

Традиционално, секоја година  кај месноста Ѓурѓов Даб во атарот на  селото Вирче се одржува голем црковно-народен собор во манастирскиот комплекс „Св.Ѓорѓи“.

По завршувањето на собирот следува ѓурѓовденската визита со посета на домовите на оние што го носат името Ѓорѓи, Ѓурѓа, Ѓуро, Ѓоко, Гошо, при што домаќините ги почестуваат гостите со ракија и домашни специјалитети.

 

најчитано сега