Паднаа први одлуки на Централниот одбор на СДСМ
Директорот на „Водовод и канализација“, Душко Васковски е новиот организациски секретар на СДСМ. Тој доаѓа на местото на Миле Зечевиќ, додека Дане Талески повторно ќе биде секретар за меѓународна соработка на СДСМ, брифират за ТВ 24 извори од ЦО на СДСМ во Охрид.
Според истите извори, новите потпретседатели најверојатно денеска нема да се бираат, туку само новиот состав за Извршен одбор.
Метлата, која лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев ја најави по завршувањето на претседателските избори почна токму во неговата партија. Сите 78 претседатели на општински организации се сменети од позициите. За тоа тој како лидер, според партискиот статут, има директна надлежност.
Разрешени се и целиот извршен одбор на СДСМ, сите шест потпретседатели на партијата, генералниот, организацискиот и меѓународниот секретар, како и координаторката на Форумот на жени на седницата на Централниот одбор минатиот месец.
Според одлуките, што беа донесени со консензус, разрешени беа Александар Кирацовски, генерален секретар, Миле Зечевиќ организациски секретар, Дане Талевски, меѓународен секретар, Цветанка Ласкова координатор на Форумот на жени и шесте потпретседатели Фросина Ташевска Ременски, Оливер Спасовски, Петре Шилегов, Благој Бочварски, Дамјан Манчевски и Мухамед Зекири.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа