МЗТ Скопје ја декласираше Унион Олимпија во АБА лигата
Тимот на МЗТ Скопје оствари убедлива победа против Унион Олимпија со 79:60 во регионалната АБА лига. На отворањето „металците“ во салата „Борис Трајјковски“ пред 4000 гледачи беа подобри од словенците во речиси целиот меч. Ги добија првите три четвртини 20:13; 19:15 и 22:13 предводени од Дамјан Стојановски и Гечетвски со по 16 поени. Стефан Синовец оствари 13, а двоцифреб број поени запиша и Кејд Дејвис 12. Кај гостинскиот тим најефикасен беше Сасу Салин со 13 поени.
На прес-конференцијата по натпреварот од таборот на македонскиот првак, одбраната беше посочена како клучен елемент за победата.
- Покажавме голема желба за успешен старт и тоа даде резултат. Освоените топки ни овозможуваа лесни поени од контра. Успеавме да ја запреме Олимпија во нападот и направивме добра разлика кој не ни беше тешко да ја задржиме до крај, истакна тренерот Вукоичиќ.
Блескавата игра и убедливата победа го натераа Пипан да го признае поразот. Тој се пожали на недоволно време за одмор на неговите кошаркари поради финалето од Словенечкиот куп, но потенцира дека МЗТ заслужено победи и им честита на домашните кошаркари.
Утре се играат четири дуели од 1.коло: Цибона – Раднички, Широки – Црвена Звезда, Крка – Будуќност и Задар – Солнок.
Првиот круг ќе биде комплетиран в недела со средбите Партизан – Игокеа и Мега Визура – Цедевита.