ФОТО: Милосављев се збогува со Комити со стиховите на „Ја излези Ѓурѓо“
Српскиот голман на новиот европски првак Вардар, Дејан Милосављев после само една година заминува од таборот на црвено-црните.
Денеска, после после спектакуларниот пречек, српскиот голман емотивно на Фејсбук се прости од најверните навивачи.
Тоа го направи со стиховите од песната „Ја излези Ѓурѓо“, која веќе од поодамна е една од хитовите на вардаровите навивачи.
„Ја излези Ѓурѓо, ја излези сестро, ја излези Ѓурѓо на пенџере... Да ги видиш Ѓурѓо, да ги видиш сестро КОМИТИТЕ – Македонците“, напиша Милосављев.
Српскиот голман заминува во Фуксе Берлин со кој потпиша петгодишен договор, пренесува Спорт1.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа