Во понеделник нови цени на бензините
Во понеделник согласно праксата Регулаторната комисија за енергетија треба да ги објави новите, малопродажни цени на нафтените деривати. Со последната одлука, на 23 септември, регулаторите ја намалија цената на бензинот за 4,5 денари, а на дизелот за 1,5 денари по литар. Така во моментов малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 79,50, а ЕУРОСУПЕР БС-98 се продава за 81 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) чини 71,50, додека Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 60,50 денари за литар.
Во текот на изминатава недела, цената на суровата нафта бележеше пад по случувањата со Буџетот во Сад.
Регулаторната комисија за енергетика на секои две недели ја коригира малопродажаната цена на нафтените деривати водејќи се од просечната цена на суровата нафта на светските берзи во тековниот 14 дневен период како и според односнот на курсот на доларот и денарот