Седум ракометари заминуваат од Вардар
На синоќешната прослава на плоштадот Македонија, капитенот Стојанче Стоилов, ја искористи можноста да се поздрави со дел од ракометарите што ќе си заминат од европскиот шампион.
Роберто Гарсија Парондо, ја заврши својата мисија во Вардар и во иднина ќе биде селектор на репрезентацијата на Египет.
Игор Карачиќ по седум сезони ќе го гледаме во дресот на друг тим, откако потпиша две годишен договор со Келце.
Рожерио Мораес ќе оди во унгарскиот шампион Веспрем, додека голманот Дејан Милосављев ќе се пресели во бундеслигашот Фуксе Берлин.
Глеб Калараш и Дмитри Кисељов ќе одат во Мотор, односно во Чеховски Медведи, а по три сезони во Вардар ќе си оди и Јања Војводиќ.
Десниот бек на Вардар Данаис Криштопанс потпиша тригодишен договор со ПСЖ уште на почетокот на јануари годинава.
Џиновскиот Летонец останува играч на Вардар и следната сезона, договорот со ПСЖ му почнува од 2020.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа