Конечно: МРТВ со пренос по светски стандарди
Македонската радиотелевизија конечно направи спортски пренос според светските стандарди. Повеќе од 2 месеци откако телевизијата ја доби новата модерна HD опрема, гледачите за прв пат имаа можност да видат, квалитетна слика и да чујат солиден тон.
За сликата да биде уште подобра, се погрижи и МЗТ Скопје кој добро го нагости тимот на својот минатогодишен тренер и селектор на македонската репрезентација Алеш Пипан. Аеродромци од Спортскиот центар Борис Трајковски Словенците ги испратија за Љубљана со 19 коша негатива. На крајот, на семафорот резултатот беше 79:60 во корист на МЗТ.
04.10.2013 - 22:15