Џафери ги посети македонските мировници во „Алтеа“ во БиХ
Македонскиот министер за одбрана Талат Џафери денеска престојува во посета на контингентот од АРМ во рамки на ЕУФОР-АЛТЕА во Босна и Херцеговина.
За време на посетата министерот Џафери посочил дека македонските мировници во континуитет ги прикажуваат своите вештини и способности, што недвосмислено укажува на мисијата на АРМ како постојан придонесувач кон глобалниот мир, стабилност и безбедност.
Министерот Џафери положил и цвеќе на споменикот на трагично загинатите припадници на АРМ во хеликоптерската несреќа кај Катлановско Блаце.
04.10.2013 - 16:13
Фото:
Сител