Проштална средба на Котески со одбранбеното аташе на Обединетото Кралство

 

Денеска началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Горанчо Котески, оствари проштална средба со потполковникот Филип Осмент, одбранбено аташе на Обединетото Кралство во Република Македонија.

За време на средбата Котески му се заблагодари на потполковникот Осмент за неговата работа и стручен ангажман во изминатите две години.

На средбата началникот на ГШ на АРМ се сретнал и со потполковник Ричард Џон Пари на кого му посакал срдечно добредојде во Република Македонија.

04.10.2013 - 14:53
Фото: 
А1.он

најчитано сега