Битолските пожарникари ќе се справуваат со пожарите со нов теренски камион цистерна
Пожарникарската единица во Битола ќе добие нов теренски камион цистерна од противпожарната служба на градот Епинал и на департманот Вогезите. Примопредавањето на новата цистерна ќе биде извршено денеска.
Пратеникот на Епинал, Мишел Хејнриш и претседателот на Советот на Противпожарнат служба на Вогезите, Педузиќе ќе ги предадат клучевите на делегација на општина Битола, составена од советниците Игор Хаџиевски, Соња Карапашовска и Златко Ќурчиевски.
Инаку, битолските пожарникари се запознаа со најновите техники за гасење шумски пожари. Донацијата на камионот е резлизирана и со поддршка на француското министерство за надворешни работи.
04.10.2013 - 13:27
Фото:
Региони.мк