Робињо е среќен што останува во Милан
Бразилскиот интернационалец Робињо и покрај неколкуте понуди да го напушти клубот во летниот преоден рок, не го стори тоа.
Робињо изјави дека е среќен што останува во Милан.
- Среќен сум што останав во голем клуб каков што е Милан и му благодарам на раководството што изрази желба да ме задржи. Очекувам дека за „росо-нерите“ ќе играм уште многу години. Верувам дека ќе ја подобриме нашата игра. На прав пат сме да го сториме тоа. Се надевам дека ова ќе биде година на Милан, изјави Робињо.
Милан в недела го игра дербито од Серија А против Јувентус на гостински терен.
По шест кола „миланезите“ се на 9.место со 8 бодови, додека Јувентус е трет со 16 бодови.
04.10.2013 - 10:35