Лазаров: Сега е моментот да се обезбеди иднината на македонскиот ракомет

 

Во интервју за „Balkan-handball.com“ нашиот најдобар македонски ракометар Кире Лазаров истакна дека моменталните успеси кои ги нижат македонските екипи Металург и Вардар Про треба да се искористат за обезбедување на иднината на македонскиот ракомет. Мечевите со Барселона и ПСЖ го дигнаа ракометот на едно повисоко ниво. Машкиот ракомет ги живее своите најдобри денови, нешто што мора да се искористи, смета Лазаров. 

-Кај нас или е еуфорија или трагедија, средина не постои. Овој момент треба да се искористи за иднината на македонскиот ракомет. Треба да се биде реален во сето тоа. Јас искрено се плашам да не се случи „Кометал“, но сега во машкиот ракомет. Клубовите се засилуваат кога имаш квалитетна репрезентација, а кога ќе бидат доволнo силни тогаш никој не води сметка за репрезентацијата, а репрезентацијата е срцето, основата за иднината на ракометот. Бројот на странци не е ограничен и тоа е загрижувачко. Немаме јуниорски и кадетски репрезентации. Не се сеќавам кога сме учествувале на едно големо натпреварување. Немаме млади играчи во подем, особено на бековските позиции. Искрено јас сум загрижен да не се случи „бум назад“ 20 години кога еуфоријата ќе заврши. Од друга страна, луѓето како што се Јорданов, Самсоненко, Михајловски, како и новиот претседател на РФМ Мукаетов треба да ги чуваме како злато, вели меѓудругото Лазаров во интервјуто за „Balkan-handball.com“

Комплетното интервју на Лазаров можете да го прочитате ТУКА.

04.10.2013 - 10:31

најчитано сега