Донесени измените на Законот за продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост

 

Во текот на вчерашниот ден по паузата продолжи 72 седница во македонското Собрание.

За време на седницата беа донесени измените на Законот за лекови и медицински помагала, а по паузата беа донесени и измените на Законот за продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост, поднесен од страна на пратеникот Малиша Станковиќ од СПМ.

Станковиќ појасни дека се работи за измени со кои се пропишпуваат дополнителни ограничувања за стекнување на правото на сопственост на земјоделско земјиште во државна соопственост на странски правни или физички лица преку купување акции или удели во друштва кои се стекнале со сопственост на земјоделско земјиште во државна сопственост: - Со законот се заштитува државното земјодлеско земјиште како добро од општ инетерс во РМ и се дава можност до него при продажба да дојдат, пред се, граѓаните и жителите на Македонија како и правните лица регистрирани во Македонија и кои се во сопственост на граѓани на Република Македонија, рече Станковиќ.

Од друга страна, пратеникот Ивон Величковски од ЛП се изјасни дека нема да го поддржи законот. Според него, со овој Закон за продажба на земјоделско земјиште се финишира транзицијата, се спречува влез на странски капитал во земјоделството и се поддржува монопол.

Во текот на продолжението на 72 седница пратениците ги поддржаа и измените на законите за користење и располагање со стварите на државните органи, Законот за заштита на културното наследство, измените и дополнувањата на Законот за стручно образование и обука, измените на Законот за иновациска дејност, дополнувањата на Законот за просветна инспекција, Законот за националната рамка на квалификации, Законот за матичен број,  сите во второ читање.

04.10.2013 - 09:33

најчитано сега