Робертсон: Македонија заслужува да стане дел од НАТО семејството

 

Синоќа и поранешниот генерален секретар на НАТО, Џорџ Робертсон, и заменикот претседател на Атланскиот совет на САД, Дејмон Вилсон, на трибина во Вашингтон ја искажаа поддршката за влезот на Македонија НАТО.

Според поранешниот генерален секретар на НАТО Македонија исполнила се што е потребно за да стане членка на НАТО семејството.

- Македонија мина низ турбулентни времиња и успеа да се справи речиси со граѓанска војна, и да донесе мир во тој дел од светот. Јас отсекогаш сум бил силен поддржувач на македонското членство во НАТО и се надевам дека ќе може да се надмине последната пречка, за што ќе биде потребна флексибилност од двете страни, изјави Робертсон за Македонската радио-телевизија.

Исто така и заменикот претседател на Атланскиот совет на САД, Дејмон Вилсон кој наскоро ќе допатува во Македонија, за Македонската Радио Телевизија изјави дека  најважно е влијателните држави во НАТО, како САД, Германија, Франција и Британија, да се ангажираат за решавање на спорот за името.

- Советот веќе е закажан и со ова е создадена дипломатска можност САД, Германија, Британија, Франција, Италија и други земји да се вклучат и да работат со Грците и со Македонците, за конечно да се најде решение на спорот. Не е сигурно дали ќе дојде до решение, но се надевам дека самитот на НАТО ќе создаде можност за тоа, изјави Вилсон.

04.10.2013 - 09:12
Фото: 
Инпрес

најчитано сега