Македонија Србија и Црна Гора ќе соработуваат во областа на информатичките и комуникациските технологии

 

Денеска македонскиот министер за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, вицепремиерот и министер за информатичко општество и телекомуникации на Црна Гора, Вујица Лазовиќ и вицепремиерот и министер за надворешна и внатрешна трговија и телекомуникации на Србија, Расим Љајиќ потпишаа спогодба за соработка во областа на информатичко-комуникациските технологии.

Целта на спогодбата е трите држави да се залагаат за унапредување на трилатералната соработка во областа на информатичките и комуникациските технологии.

- Како земји напредуваме во развојот на интернетот и компјутерската писменост, а во Македонија настојуваме со преземање на многу активности широкопојасниот интернет да биде достапен до сите граѓани. Во наредниот период со Црна Гора и со Србија ќе споделуваме заеднички искуства и идеи, со цел да напредуваме и да ги достигнеме западните развиени земји, изјави Ивановски по потпишувањето на спогодбата.

Инаку македонкиот министер за информатичко општество  имаше обраќање и на министерската сесија во рамки на Меѓународниот форум за информатички достигнувања „ИнфоФест“.

03.10.2013 - 16:08
Фото: 
МИО

најчитано сега