Пендаровски: Со гласот за мене велиме не на Груевски и фамилијата
Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски се обрати на граѓанската трибина во Битола пред изборниот молк.
- „Благодарам за бројата на гласови но голема работа ни претстои на 5-ти зошто таа бројка мора да биде дуплирана. Првата работа која е многу важна со гласање за бр. 3 не гласате за Пендаровкси, туку за целата политичка структура која ни дава поддршка, за договорот со Грција, затворање на Рамковниот договор, слога внатре интеграции надвор. Второ со гласање за број 3 велиме дефинитивно не за враќањето на Груевски и фамилијата на власт, единствен начин да се осигураме дека таа фамилија која нанесе толку зла и црнила во тие 11 години од дивеење, а не владеење е да гласаме за број 3. Секоја друга варијанта го враќа режимот на власт, истакна тој.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа