Заврши истрагата за работењето на фудбалскиот клуб Црвена Звезда
Српската полиција ја заврши истрагата околу работењето на фудбалскиот клуб Црвена Звезда.
Инаку, управата на „Црвено-белите“ се сомничи дека во периодот од 2007 до 2012 година извршувала криминални дејствија, а во петгодишниот период од „Маракана’’ исчезнале седум милиони евра, само од трансфери на играчите, а клубот затаил и девет милиони евра данок, тврди српскиот дневен весник „Информер’’.
Претседатели во Црвена Звезда во тој период беа Драган Џаиќ, Топлица Спасоевиќ, Добривоје Танасијевиќ и Владан Лукиќ, а никој од нив досега несакал да ги коментира сознанијата на белградскиот весник.
03.10.2013 - 11:52