Стружанец со своето „Ауди А4“ пренесувал 85 килограми марихуана

 

Македонската полиција во текот на вчерашниот ден заплени 85 килограми марихуана при проверка на возило марка „Ауди А4“ кое излетало од патот во близина на селото Ботун.

Автомобилот бил управуван од страна на 34-годишен жител на струшко Велешта, кој, како што информира денеска министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, не се придржувал на наредбите на полицијата.

- Некаде кај Ботун возилото излетало од патот при што е приведен возачот каде е откриено дека се транспортира поголема количина на наркотична дрога марихуана, односно 85 килограми 870 грама. Марихуаната е пакувана во пакувања облепени со селотејп-лента, а била запакувана во една вреќа и во една патна торба, во полиетиленски пакувања, изјави Јанкулоска, пренесе МИА.

Се работи за марихуана која доаѓа од другата страна на албанската граница која се проценува од 100 до 250 илјади евра.

02.10.2013 - 13:56

најчитано сега