Мицкоски: Ова СЈО нема ниту еден случај против актуелната власт, јасно е дека работат под политички диктат

 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во неговото интервју во емисијата Клик Плус на ТВ 21 истакна дека има сериозни индиции дека Специјалното Јавно обвинителство има направено злоупотреби и побара да се форми комисија каде што ќе се испита каде се потрошени 15 милиони евра на Катица Јанева и нејзините соработници.

-Имаме ние индиции дека има злоупотреба, што значи дека некој треба да го провери работењето на Катица Јанева и соработниците и да видиме каде отидоа 15 милиони евра, вели Мицкоски.

Според него бомбите не можат да бидат доказ во постапката, додавајќи дека веќе две пресуди на СЈО се оспорени од Европскиот суд на човекови права.

-Велат бомбите не смеат да бидат доказ. Кажете ми еден случај, еве сега прифатија два случаи во Стразбур каде нелегално стекнат материјал од свиркач е доказ, еден пример, побара Мицкоски.

Тој побара од новинарите да му кажат дали имаат слушнато една бомба за Зоран Заев и за другите високи функционери на СДСМ, додавајќи дека СЈ нема ниту еден случај против актуелната власт што јасно покажува дека СЈО работи под политички диктат.

-Слушнавте ли бомби за Зоран Заев или за овие другите, праша Мицкоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.04.2019 - 23:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега