Груевски: Македонците имале можност да го почуствуваат отсуството на мирот затоа знаат колку тој вреди
Синоќа шефот на македонската Влада Никола Груевски се обрати пред публиката на Сахара Балканскиот фестивал.
- Мирот е вредност кон која отсекогаш се стремеле прогресивните сили на човештвото. Складноста, балансот и хармонијата се негови главни одлики кои претставуваат двигател на развојот и благостсојбата на општеството, како и предуслов за среќа на секој поединец, истакна премиерот Никола Груевски, прогласувајќи го Балканскиот мировен фестивал за отворен.
Состојбата на мир гледано од историска перспектива е реткост, додаде, а тогаш кога е присутен може да се карактеризира како кратко интермецо меѓу две војни.
- За жал, конфликтите, непријателствата, страдањата и насилството се секојдневие во поголемиот дел од светот дури и во 21. век. Речиси нема држава која повеќе или помалку не чувствува предизвици и закани по мирот, а губењето човечки животи во вооружени судири се уште е секојдневие. И граѓаните на Македонија и нашите претци, за жал, имале прилика да ги почувствуваат последиците од отсуството на мирот, нагласи Груевски.