ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ја намалија платата за 1.200 денари

 


ВМРО-ДПМНЕ денеска реагираа на изјавата на Костадин Костадинов од СДСМ за инвестициите и подобриот живот со власта.

80% од СДИ со кои се фали СДСМ се реинвестирана добивка на веќе постоечките инвеститори во државата, кои ги донесе владата на ВМРО-ДПМНЕ.

           СДСМ нема направено ништо за економијата. Со оваа влада економијата само тоне, доказ за тоа е и оценката на германските стопанственици, според кои економската политика на СДСМ е оценета со нула.

            Инвестициите на „Чагатај Кабло“, „ВИК“, „Теламон“ и „Мурат Тичарет“ се инвестиции донесени од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

            Зоран Заев и Стево Пендаровски не направија ништо друго за економијата освен задолжување. За две години државата ја задолжија за над половина милијарда евра. Капитални инвестиции нема, а никој не знае каде отидоа парите за кои не задолжија, а треба да ги враќаат идните генерации.

            Заев и Пендаровски допринесоа бројот на луѓето кои живеат во сиромаштија во Македонија да се зголеми за над 100.000.

            Платата наместо да се зголеми се намали за 1.200 денари.

            Заев и Пендаровски се крах за економијата. Гласот за Пендаровски е глас за економски дебакл.

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.04.2019 - 14:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега