Костадинов: Гласот за Стево е глас за раст на платите

 

Костадин Костадинов од СДСМ, денеска на прес-конференција, истакна дека гласот за Гордана Силјановска, противкандидатот на СДСМ; значи глас за запирање на инвестициите, високите плати и подобриот живот. Ви го пренесуваме текстот интегрално.

Напредокот во интеграциите, успешните економски политики резултираа со раст на економијата, раст на платите и на инвестициите.

 Во 2018 година забележан е рекорден износ на странски директни инвестиции од 625 милиони евра. Отворени се над 26.000 нови работни места, а стапката на невработеност падна на историски најнизок процент, 19,4.

  Инвестициите носат повеќе пари кај граѓаните, нови и подобро платени работни места.

  19 нови странски инвестиции започнаа со работа, дел се во градба, дел започнуваат со градба или се во втора фаза на инвестирање.

  Меѓу нив се и компаниите:

 Чагатај Кабло од Турција во ТИРЗ Скопје 1 автомобилска индустрија за електрични инсталации со 100-тина вработени во моментов.

  ВИК од Германија во ТИРЗ Прилеп за производство на апарати за домаќинство со 200 вработени во моментот, а таргетот до 1000 вработувања

  Теламон од САД во Скопје Инџиково браунфилд објект, производство на електрични кабли за автомобилска индустрија со 70 моментални вработувања и краен таргет до 830 вработувања.

  Кранфилд Фаундри од Русија инвестиција во Пробиштип, модерна леарница за автомобилска индустрија со моментално 40 вработени, а таргет од 280 вработувања

  Баумер Швајцарија во ТИРЗ Скопје 1 за производство на сензори, декодери и други електронски компоненти со околу 200 работни места

  Мурат Тичарет од Турција во ТИРЗ Скопје 2 автомобилска индустрија, производство на електрични инсталации и кабли евра со моментални 300 вработени

  Дура САД во ТИРЗ Скопје 2 автомобилска индустрија за надворешни трим делови, до 500 вработувања

 Кеслер Германија во ТИРЗ Скопје 1 за производи на електромотори, моментални вработувања 150.

 Почитувани,

  Државата, економијата, мора да продолжат да се движат напред, не смее да се враќаме назад во неизвесност и изолација.

  На овие избори, гласот за Стево Пендаровски е глас за раст на странските инвестиции, раст на платите.

  Гласот за Гордана Сиљановска е глас за да запрат инвестициите, за парите да не завршуваат кај граѓаните туку кај фамилијата од ВМРО-ДПМНЕ водена од Будимпешта.

 Затоа, во недела да гласаме масовно за број три за Стево Пендаровски, продолжуваме заедно напред!

 

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.04.2019 - 13:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега