Мојсовски: Јас знам дека Стево ќе го остави срцето на терен за оваа земја, знам дека Стево ќе биде играч за сите

 

Прв говорник на денешниот митинг за поддршка на кандидатот за претседател беше ракометарот Наумче Мојсовски.

„Играв и не се штедев, играв со срце за екипата за оваа нација, не можам да кажам дека беше лесно и не секогаш чесно, но игравме до крај за победа, за горда и среќна нација. Убеден сум дека донесовме вистински одлуки, дека компормисите беа немионовни, дека припаѓаме таму каде што чекориме, кон НАТО и ЕУ. Сум одиграл многу тешки натпревари, против тешки противници, оваа земја има тешки натпревари пред себе со високи цели и со големи успеси и затоа јас, како Наумче Мојоски знам дека Стево е вистинскиот играч.Знам дека Стево ќе го остави срцето на терен за оваа земја, знам дека Стево ќе биде играч за сите“, кажа Мојсовски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.04.2019 - 14:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега