СДСМ: Нервозниот Мицкоски е дел од иста матрица на Груевски на етикетирање и приситсок врз медиуми
Христијан Мицкоси на синоќешниот митинг повторно покажа дека е дел од матрицата на Никола Груевски, матрица на притицоси врз медиуми и етикетирање на новинари, се вели во соопштението на СДСМ..
„Дел од таа матрица е и Гордана Сиљановска кандидатката на Мицкоски која не се изјасни и не го осуди чинот на етикетирање и притисоци врз новинари и медиуми.
Дали Сиљановска ќе се огради и ќе го осуди ваквиот чин на Мицкоски, кој наиде на осуда и од новинарската фела и од здруженија на новинари?
Соочен со слабата поддршка, соочен со извесниот пораз на изборите, Мицкоски станува се по нервозен и во сите бара виновници за поразот што го очекува и на претседателските и на локалните избори“, велат од партијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа