Мицкоски: Гласот за Гордана Силјановска е глас за исправена Македонија, со кичма, гордост и достоинство

 

Време е народот да се испречи како ѕид пред нивното грабање напред за да ги освести и да видат кај се. Се заборавија од хотелите и луксузот кој го живеат, балови во странство, фрагови во Скопје, снегот во Маврово и стазите кои ги затвораат за обичните луѓе за да премиерот да може да вози, и сето ова додека народот гладува. Затоа на овие избори народот ќе ги потсети во која земја живеат и на кој народ му служат. Стево ниту еднаш ниту еднаш не се огради од Заев. Ни кога камионите на семејството вртат за државни фирми, ниту кога Заевци отвораат фирми во странство, ниту кога империјата на Вицето се шири искучиво со помошта на власта. Стево не се огради од Заев ниту кога овој тргуваше со достоинството, ниту кога ги покачуваше даноците. А знаете ли зошто? Затоа што се исти, паричка иста, лице и опачина се Зоран Заев и Пендаровски Стево, ова вечерва на централниот митинг пред Владата на Македонија го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-Сето ова може да се смени, а излезот е гласот даден за Гордана Сиљановска Давкова. Со гласот за Гордана ја одбирате Македонија, одбирате надеж и иднина. Гласот за Гордана е глас за правдата, правната држава. Со гласот за Гордана одбирате човек со кредибилитет, став и морал. Гласот за нејзе е глас за исправена Македонија, со кичма, гордост и достоинство. Со гласот за Гордана Сиљановска избирате мајка на нацијата. Гласате за вашата иднина, и ги казнувате оние кои сакаат да ви ја одземат. Со дадениот глас правите разлика помеѓу доброто и лошото, помеѓу принципи, и непринципиелност. Помеѓу правдата и неправдата, помеѓу Гордана и Стево. Не ветуваме чуда, но ветуваме праведност и правда за секој еден граѓанин во Македонија, потенцира Мицкоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.04.2019 - 21:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега