Пендаровски: За НАТО е веќе речиси завршена работата и нема веќе дилеми дали ќе ја биде нашата земја

 

Заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски, денеска учествуваше на граѓанска трибина во Радовиш, каде со граѓаните разговараше на повеќе актуелни теми меѓу кои и претстојните претседателски избори. 
- Вратите сега ни се отворени. Ако минатата беше година на евроинтеграциите, оваа и наредните се години на економија и подобрување на стандардот. Доста се бавевме со историјата, немаме време за чекање, затоа знаете дека на 21 април и на 5 мај треба сте заедно да го заокружиме бројот 3. Претходната власт и фамилијата, не уназади и опљачка. 2016 година не почнавме од нула, туку од минус рече Пендаровски.
Пендаровски подвлече дека тој и концепотот што тој го застапува пред себе имаат една единствена цел, а тоа е како да се живее подобро, како да се направи младите да не заминуваат надвор од државата. Последната година и пол направени се тешки компромиси, но, посочи Пендаровски, беа нужни, за нашата држава да тргне кон Европа и развиениот свет.
- За НАТО е веќе речиси завршена работата и нема веќе дилеми дали ќе ја биде нашата земја. Имаме гаранција за безбедноста, суверенитетот и интегритетот. Со почетокот на преговорите со ЕУ се отвораат бројни можности за младите да продолжат да работат и живеат тука, порача Пендаровски. 
 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.04.2019 - 19:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега