Пендаровски до жените: Само еднакво општество е правично и напредно

 

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски, денеска учествуваше на граѓанска трибина со жените под мотото „Еднакви“.

Жените, рече Пендаровски, мора активно да бидат вклучени во секое поле од општественото живеење и ова ќе биде негова заложба како иден претседател.

- Ќе назначам посебна советничка за родова еднаквост и промоција на учеството на жените во политиката. Како што веќе најавив ова ќе биде еден од моите први 8 проекти, најавени за првите 8 месеци“, рече Пендаровски.

Само еднакво општество, посочи Пендаровски, може да е вистински правично, силно и напредно. Ова е цел кон која треба секој ден и сите заедно да работиме. Се заложив за заштита на  сите девојки и жени кои се уште се соочуваат со родово базирано насилство, кои се уште немаат еднаков пристап до образование, работа, здравство.

- Мора да создадеме услови за секоја жена да има еднаков третман и услови за развој и напредок, порача Пендарвоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.04.2019 - 14:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега