Пензионери денеска ја распеаа Гевгелија

 

 

Општинското здружение на пензионери од Гевгелија денеска ја приреди традиционалната манифестација „Пензионерите пејат“, на која настапија десет пејачки групи на пензионери од Битола, Богданци, Велес, Валандово, Дојран, Кавадарци, Неготино, Прилеп и Гевгелија.

Според претседателот на македонските пензионери Драги Аргировски, само со единство и соработка со локалните самоуправи може да се очекуваат добри резултати. Тој пред присутните истакна дека овие ревии на песна, музика и игри Министерството за култура ги прогласи од национален интерес за нашата држава.

Градоначалникот на ГЕвгелија Иван Франгов најави дека ќе се продлабочува соработката на пензионерите.

- Не ве сметаме како стари, туку поискусни и повозрасни луѓе од кои можеме да научиме и прифатиме идеи и сугестии како да си го подобриме нашето живеење, истакна Франгов. 

28.09.2013 - 13:58
Фото: 
окно.мк

најчитано сега