Роналдо милостивиот - фудбалерот бара повлекување на обвиненијата против момчето кое го прегрна во САД
И покрај тоа што голем број на фанови го знаат како препотентен и арогантен, најдобриот фудбалски генијалец Кристијано Роналдо по кој знае кој пат покажа дека грешат. Имено Португалецот ја замолил полицијата од Мајами да ги повлече обвиненијата против детето, кое минатото лето за време на пријателскиот натпревар меѓу Реал Мадрид и Челзи, влезе на теренот и го прегрна својот миленик.
„Ја разбирам вашата позиција и важноста на спроведувањето на законот и на правилата. Сепак, со почит ве молам да размислите и да ги отфрлите двете кривични пријави против овој млад човек“, напишал Роналдо во писмото.
Против момчето беа покренати две кривични пријави. Имено поради тоа што Роналдо Џорка кој потекнува од Албанија влезе на теренот и ја прегрна „кралската ѕвезда“, сега му се заканува исфрлање од колеџот и протерување од САД.
Кристијано Роналдо е во Реал Мадирд од 2009-та година, кога пристигна од Манчестер Јунајтед за сума од 94 милиони евра, а досега на вкупно 206 натпревари за „Кралевите“ постигна 2010 погодоци.