Денеска почнува Free Zone Festival во општина Аеродром

 

Денес е почетокот на Фестивалот кој најави слободна зона, журка и дружење со бесплатен влез.

  Вечерва на Free Zone Festival од 20:00 часот настапуваат Токсиколози, а по нив Тајзи кој ќе го промовира својот прв, соло албум. Некаде околу 21:30 часот на сцената ќе се качи гостинот од Србија Газда Паја, а по него свој настап ќе има Слаткаристика кој ќе ја затвори првата вечер.

  Утре, вечерта ќе ја отворат Ѓеорги Шарески со ДЈ Маци, а по нив ќе настапи Марко Логаут. Морал настапуваат некаде околу 22:00 часот, а крајот на овој Фестивал ќе го крунисаат Ареа со целосен концертен настап.

 

  Вратите се отворени од 18:00 часот, а локацијата на слободната зона е Фудбалскиот стадион до МЗТ салата, во Општина Аеродром.

27.09.2013 - 12:45

најчитано сега