ФОТО: Успешно оперирано коленото на Миркуловски
Прочуениот хирург доктор Шенк синоќа во австрискиот град Шрунс, успешно го оперираше македонскиот ракометен репрезентативец Миркуловски. Шенк е познат по операциите на познати спортисти, а пред седум години ја оперираше и тогашната светска првенка во скијање Јаница Костелиќ.
Операцијата врз македонскиот ракометар е успешна, а рехабилитацијата ќе трае околу два месеца.
- Операцијата помина во најдобар ред и јас се чувствувам добро. На терен ќе се вратам за 6 до 8 седмици, изјави Миркуловски за веб страната на Металург.
Македонскиот вицепрвак утре од 18 часот го игра натпреварот од 2.коло во Лигата на шампионите против тимот на ПСЖ, а Миркуловски и да беше здрав немаше да има право на настап на овој меч поради казната добиена од ЕХФ за црвениот картон на дуелот со Тун.
ФОТО: rkmetalurg.mk