За Бугарија Гоце Делчев е и бугарски херој

 

И Бугарите ја одбележуваат 110 годишнината од смртта на македонскиот национален херој, Гоце Делчев. За нив Делчев е револуционер и „апостол за национално ослободување и обединување на Бугарите во Македонија“. Чествувањето се одржа во Благоевград каде пред споменикот на Гоце Делчев на плоштадот „Македонија“ се поклонија голем број граѓани. 
Бугарскиот претседател, Росен Плевнелиев уште пред неколку дена изјави дека Македонија нема ексклузивни права над гоце Делчев.
„Според заeдничката одлука на Советот на министри на ЕУ Македонија не е подготвена за отворање на преговорите. Немаше вето од Бугарија или од Грција, многу држави изразија загриженост. Ние секогаш сме стоеле покрај Македонија во тешките мигови. Но, ако некој сака да му се помогне, тој мора и да работи. Има две големи прашања, едното е спроведувањето на договорот од 1999 година, особено во изминативе 4-5 години. Ние не треба да ги интегрираме нашите проблеми во Европската Унија, туку треба да ги оставиме пред вратата. Тоа не е голем проблем, може да се реши за секунда. Второто големо прашање е прашањето на заедничката историја. Ако некој одлучи дека Гоце Делчев е само нивен херој, а не и наш херој, наспроти сите одлуки на Европскиот Парламент да ја делиме нашата историја, како што Германија и Франција денес ја споделуваат нивната историја“, рече Плевнелиев.

најчитано сега