Македонија изгуби од Хрватска на Светското првенство во ракомет
Репрезентацијата на Македонија го доживеа првиот пораз на Светското првенство во ракомет, кое се игра во Германија и Данска.
Нашиот тим беше убедливо поразен од Хрватска со 31:22 (11:16) во меч од третото коло од групата „Б“, кој се одигра во Минхен.
Хрватите беа фаворити пред почетокот на дуелот и тоа го покажаа на теренот, а голманот на „коцкастите“, Марин Шего имаше свој ден и одбрани 12 удари на нашите репрезентативци, кои немаа свој ден во нападот.
Најпрецизен кај „жолто-црвените“ беше Дејан Манасков со 6 гола, капитенот Кире Лазаров постигна 5, а кај победничкиот тим Домагој Дувњак реализира 6 погодоци
Утре е слободен ден за македонските репрезентативци, а веќе во среда играме со фаворизираната Шпанија. Клучниот натпревар за избраниците на Раул Гонзалез ќе биде во четврток против Исланд, кога ќе бркаме пласман во главната фаза на СП.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа