Ѓорчев од Штип: Моменталниот егзодус ја демантира розевата реторика на Заев и неговите 30 министри

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев гостуваше на ТВ Ирис во Штип.

Во врска со претстојните претседателски избори, Ѓорчев истакна дека огромното мнозинство на граѓани се незадоволни од вкупните состојби во државата.

-Поради тоа власта ќе доживее многу, многу непријатно изненадување од народот. Заев и министрите беа многу самоуверени за референдумот, но народот им испрати јасна порака дека е против промената на уставното име Република Македонија. Македонскиот народ и сите граѓани се силно приврзани за уставното име Република Македонија, а власта на СДСМ тоа упорно го игнорира.

Во делот на економските политики, Ѓорчев констатираше дека се случува економски дебакл на Владата кој се гледа во сите клучни индикатори.

-Источна Македонија е целосно запоставена и заборавена од оваа власт, а ништо подобро не е во останатите делови на Македонија, подвлече Ѓорчев, додавајќи:

„Невиденото иселување и егзодус од Македонија што се случува во моментов најдобро ја илустрира актуелната состојба. Државата снемува луѓе и тоа е најсилниот демант на целата розова реторика на Зоран Заев и неговите 30 министри. ВМРО-ДПМНЕ интензивно работи на програмата, која ќе биде претставена во следниот период и која ќе биде спроведена од Владата предводена од Христијан Мицкоски“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.01.2019 - 12:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега