ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Заев ја зацрнија државата, а македонската економија ја доведе пред целосен колапс

СДСМ и Зоран Заев ја зацрнија државата. СДСМ ја донесе македонската економија пред целосен колапс и банкрот, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Економијата стагнира, правната држава е деградирана, институциите се злоупотребуваат. Стандардот на граѓаните е се полош, а платите се далеку од ветените 500 евра. СДСМ лаже кога зборува за здравството во Македонија. СДСМ ги остави на цедило младите специјализанти исто како што ги остави докторите специјалисти од клиниките на кои напразно им ветуваше плата од 100.000 денари. Радмила Шекеринска е најнеодговорниот министер за одбрана во историјата на независна Македонија. Недостаток на гориво за тенковите, користење на армиски хеликоптер за ручеци по кафеани, слаба исхрана за војниците и немање превоз до работното место се само дел од причините кои ја клекнаа АРМ на колена.         Две години поминаа откако СДСМ е на власт во земјата, а нивото на невработеност се повеќе се зголемува. Нема капитални инвестици, нема отварање на нови работни места. Сето тоа е резултат на неспособност и расипничко работење на власта, се наведува во нивното соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека СДСМ никогаш ништо добро не направил за подобрување на образованието, а најмалку за просветните работници.

-Затоа наместо СДСМ да праќа соопштенија и да продолжува да ги лаже и манипулира граѓаните, време е да се фати за работа и конечно да направи нешто за подобрување на животниот стандард на граѓаните. СДСМ се покажа целосно неспособен да управува со државата. Имаме само скандали и афери, криминални тендери, нерасчистени убиства, насилство, уцени и хаос. Затоа за Македонија конечно да оди напред, време е криминалниот картел наречен СДСМ и Зоран Заев да си заминат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.01.2019 - 10:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега