Вардарци немоќни против Динамо Минск

 

Во второто коло од ракометната лига на шампиони нашиот најдобар ракометен клуб Вардар Про беше поразен од Динамо Минск со 26:24. Белорусите постојано го имаа водството. Нашиот состав сепак имаше можност да израмни во последната минута, но за жал ударот на Иван Карачиќ беше скротен од домашниот голман. 

Противничкиот чувар на мрежата Димитрије Пејановиќ беше прогласен за најдобар поединец во составот на Динамо со 14 одбрани. Во нападот најефикасен беше Сергеј Шелменко со шест голови. 

Кај Вардар, Тумур Дибиров со шест и Алекс Душебаев со пет погодоци беа најефикасни, а голманот Страхиња Милиќ запиша 13 одбрани.

Вториот македонски претставник во елитното натпреварување, тимот на Металург, својот натпревар од Ц групата ќе го одигра в сабота на домашен терен против францускиот ПСЖ.

26.09.2013 - 09:58

најчитано сега