Миркуловски казнет од ЕХФ со неиграње од еден меч

 

Играчот на Металург Филип Миркуловски заработи суспензија од страна на дисциплинската комисија на ЕХФ, со неиграње на еден натпревар. Ваквата казна за Миркуловски дојде поради заработениот директен црвен картон на мечот против екипата на Вакер Тун. Поради суспензијата „металурзите“ ќе нема да можат да сметаат на неговите услуги за мечот против Пари Сен Жермен. 

26.09.2013 - 09:46

најчитано сега