Нови договори за легализација на домови на Ромите во Прилеп
На 130 ромски семејства од Прилеп им е обезбеден 18-месечен заем за покривање на трошоците за легализација на нивните домови. На ромските семејства ова им е овозможено преку проектот кој започна да се спроведува минатата година, „Легализација за домување на Роми“ , што го спроведува невладината организација „Хабитат“.
Проектот е предвидено да трае до 2015 година до кога е предвидено 280 ромски семејства од општина Прилеп да добијат финансиска, административна и техничка помош за легализација на нивните домови.
Со овој проектот се очекува значително да се зголеми бројот на Роми, сопственици на домови и да обезбеди посигурна иднина за голем број на ромски семејства.
25.09.2013 - 15:47
Фото:
прилеп.мк