Роналдо се поднови со Ферари

 

Кристијано Роналдо по потпишувањето на новиот договор со Реал Мадрид се пподнови со ново Ферари вредно 1,3 милиони евра.

„Ла Ферари“ користи хибриден погон кој е сочинет ид В-12 мотори и одвоен електричен мотор со комбинирани 950 КС и 895 Нм што му овозможува до 100 да забрза за помалку од три секунди со максимална брзина од 350 км/ч.

Со потпишувањето на новиот договор со Реал Мадрид, Роналдо годишно ќе заработува околу 20 милиони евра, па така овој трошок од 1,3 милиони евра за него претставува само „ситница“.

Oвој прекрасно дизајниран модел на Ферари во светот ќе има само 499 сопственици.

25.09.2013 - 12:39

најчитано сега