Бесен охриѓанец тепал што му дојде при рака во полициска станица
Охриѓанец си заработи кривична пријава за напад врз службено лице.
Пред неколку денови, 52-годишниот К.Т. започнал да навредува полицајка којa спроведувалa задачи од областа на безбедноста пред зградата на полициската станица во Охрид, во момент кога истиот без да се пријави се обидел да влезе во полициската зграда. Откако полициската службеничка не му дозволила да влезе, расправијата кулминирала кога бесниот охриѓанецфизички ја нападнал удирајќи ја во пределот на главата.
Откако таа го совладала и привела, К.Т. повторно се обидел да нападне полициски службеник.
Засега му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.
25.09.2013 - 11:31