Македонија чествува 110 години од смртта на Гоце Делчев

Денеска во црквата Свети Спас во Скопје ќе бидат одбележани 110 години од загинувањето на идеологот на македонската револуционерна борба, Гоце Делчев.

Претставници на државниот врв, Собранието на РМ,  локалната власт, научно-образовните и културните установи, партии и граѓански здруженија ќе положат  цвеќе на гробот на Делчев, како и на неговиот споменик на плоштадот „Македонија“.  

Животот на Гоце Делчев започнува на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола. Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата. Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија.

- Успехот на борбата ќе дојде со планомерна работа со која ќе им се наложиме на просветените Турци, Грци, Власи, Арнаути. Ќе ги убедиме дека ние искрено се бориме за прогресивно-културна држава, основана врз радикални и социјални принципи во животот и, тогаш, тие доброволно ќе ни подадат братски рака, здружно ќе ја продолжиме сестраната борба. Јас така и го разбирам светот: како поле за културно натпреварување на народите“.

најчитано сега