Ѓорчев се сретна со сенаторите Линдзи Греам и Џејмс Ланкфорд

За време на својата посета на Вашингтон пратеникот Влатко Ѓорчев се сретна со сенаторот Линдзи Греам.

За време на средбата пратеникот Ѓорчев се заблагодари за можноста на учествува на парламентарниот форум за безбедност.

Ѓорчев го истакна партнерскиот однос на САД кон Македонија, со надеж дека во иднина односите меѓу двете земји ќе се продлабочуваат.

На средбата со сенаторот Џејмс Ланкфорд стана збор за водечката улога на САД во обезбедувањето на мир и стабилност во Европа.

Ѓорчев го нагласи значењето на посветеноста и ангажманот на САД во Европа како долгорочен и стратешки однос меѓу сојузниците од двете страни на Атлантикот.

Пратеникот Ѓорчев ги повика сенаторите Греам и Ланкфорд да ги следат состојбите во Македонија, особено во делот на актуелните и загрижувачки проблеми, како и да го задржат вниманието кон Балканот како важен дел од Европа.

На крајот, пратеникот Ѓорчев го подвлече долгогодишното партнерство помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Републиканската партија на САД како сестрински партии кои споделуваат заеднички вредности.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.12.2018 - 16:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега