VIP со супер новогодишна понуда за своите корисници : Бесплатен мобилен и 49 инчен телевизор
Vip ја започнува празничната новогодишна еуфорија и со задоволство ја најавува новата атрактивна промоција со која на сите корисници им овозможува да ја дочекаат новата 2019 година со неограничена комуникација, нови смарт телефони и ТВ уреди по најповолни цени.
Со новогодишната промоција, сите корисници кои ќе ја изберат постпејд тарифатаво мобилната телефонија, Vip Neo M добиваат зголемен 4G интернет од 15GB, неограничени разговори и СМС пораки кон сите мрежи и можност да ја започнат новата година со нов смарт телефон по супер цена. Имено, сите нови корисници и сите оние кои ќе направат обнова на својот договор на овој тарифен модел ја добиваат можноста да го добијат Samsung Galaxy Ј6 2018 и тоа со месечна рата од 209 денари или Honor 7S за 0 денари.
Vip подготви изненадување и за корисниците на Vip Комбо. Со избор на Vip Combo Neo 4M, корисниците имаат уникатната можност да добијат Full HD ТВ уредза 0 денари- TESLA 49S317BFсо екран 49”. Покрај ова корисниците добиваат 2 ТВ-приклучоци, до 130 ТВ канали (до 20HD), неограничен интернет, бесплатна фиксна линија со неограничени разговори кон фиксни мрежи и две Vip Neo M мобилни линии, секоја со 15GB мобилен интернет.
“Празниците се за големи желби. Оваа година со цел да придонесеме за уште поопуштена празнична атмосфера креиравме понуда која на сите корисници ќе им донесе безгрижна и неограничена комуникација и можност да добијат атрактивни смартфони по најповолни цени. Како компанија која нуди конвергентни услуги ја збогатуваме понудата со која корисниците можат да ги комбинираат мобилните и фиксните услуги и покрај неограничената комуникација и ТВ содржини ја добиваат можноста да добијат ТВ уред за 0 денари. Убедени сме дека оваа најнова промоција на Вип ќе придонесе за многу забава во семејствата на корисниците и сето тоа по најповолни услови за нивните домашни буџети“, изјави Елена Панова, маркетинг директорка во Вип.
За новата понуда која е промотивна и ќе важи ограничен период, повеќе информации можат да се добијат на www.vip.mk и во Центарот за грижа за корисници 077 1234.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа