Српската тенисерка Ивановиќ доби неколку понуди за брак
Познатата српска тенисерка,Ана Ивановиќ, откри дека од сите страни и стигале понуди за брак, иако таа сеуште нема ни момче.
„Никогаш не сум била ни близу до брак и за тоа има време. Иако, ми пријде едно храбро момче додека излегував од теренот по мечот во Австралија и ме праша дали ќе се омажам за него. Кога го прашав колку години има, рече: „Шеснаесет, но можам да почекам", вели таа за српското издание на магазинот „Cosmopolitan".
Таа додава дека во секоја врска откривала што и одговара, а што не и сега би требало полесно да го пронајде вистинскиот човек, со кој би сакала големо семејство и најмалку три деца.
Ивановиќ беше во врска со британскиот бизнисмен и поранешен тенисер Марк Стилитан, меѓутоа се разделија на почетокот на летото.
24.09.2013 - 13:13