Удинезе и Џенова го отвораат 5-то коло во италјанската Серија А

 

Вечерва со натпреварот меѓу Удинезе и Џенова стартуваат натпреварите од 5-то коло во Италијанското фудбалско првенство. Двете екипи имаат по 4 бодови со биланс од една победа, еден нерешен резултат и два пораза. Дуелот во Удинезе е со почеток во 20:45 часот.

За утре се закажани средбите: Болоња - Милан, Киево - Јувентус, Лацио - Катанија, Ливорно - Каљари, Наполи - Сасуоло, Парма - Аталанта, Сампдорија - Рома и Торино - Верона. Последниот натпревар од овој круг во Серија А ќе се игра во четврток меѓу Интер и Фиорентина.

24.09.2013 - 12:44

најчитано сега