ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Шилегов немаат преземено ниту една мерка за намалување на ПМ10 честичките во воздухот
СДСМ ја завива државата во црно. Скопје и државата неколку недели по ред тонат во загаден воздух. Нивото на канцерогени ПМ10 честички и во овој период од годината неколкукратно го надминуваат дозволеното ниво, а Зоран Заев и Петре Шилегов немаат преземено ниту една мерка за намалување на истото, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата истакнуваат дека болниците во државата се преполни со пациенти кои се жалат на срцеви и белодробни проблеми како последица на загадувањето, особено хронично болните и постарите, но ефектите од загадувањето се одразуваат и врз децата.
-Информациите кои доаѓаат од светски реномирани институции треба да бидат последен аларм на власта, која потроши 2 години без да реализира ниту еден проект за подобрување на квалитетот на воздухот. Зоран Заев и Петре Шилегов ветуваа итно справување со загаденоста, сега кога се на власт не само што не го решија проблемот како што ветуваа, туку и не преземаат било што да ги намалат последиците од загадувањето. Наместо реални решенија Петре Шилегов организира стенд ап настапи како да е комедијант, а не татко на градот, а министерот за животна средина, Садула Дураку, безобразно и дрско вели дека власта не се занимава со граѓаните. Зоран Заев од митинзи урлаше ајро ајро, а сега го нема да каже што тој како премиер и црната власт на СДСМ имаат преземено за намалување на загадувањето, се наведува во соопштението.
Од ВМРО-ДПМНЕ нагласуваат дека црната власт на СДСМ неодговорно се постави кон граѓаните и ги изманипулира. Граѓаните не заслужуваат никој да ги завива во црно нивните судбини. СДСМ мора да си замине.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа