Иницјативата „Македонија блокира“ најави голем протест пред Собрание на 1. декември
Претставникот на граѓанската иницијатива „Македонија блокира“, Драган Угриновски најави дека 84 партии и организации следната сабота (1. декември) во 12 часот, ќе организираат голем протест пред Собранието на Република Македонија.
„Во ист ден, во исто време, внатре ќе се гласа за уставните амандмани, а надвор граѓаните ќе ја бранат државата. Влегуваме во финална битка против марионетската власт и нејзините надворешни соработници. Важно е како Македонци да останеме свои на своето. Победата треба да ја добиеме со масовни протести. Целта е распуштање на власта и избори“, рече Угриновски.
Тој додаде дека ова е финална битка со власта и повика на излезност на протестот без разлика на политичката ориентација. Од иницијативата „Македонија блокира“ велат дека ќе останат на улица се до распуштање на власта.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа